Позитива, Поучни приказни

Човекот со семејните фотографии

16 септември, 06:35

Некој човек на свежо фарбаниот ѕид во неговата куќа ги поставувал рамките со семејни фотографии. Додека ставал нова рамка, дел од претходните му паѓале. 

Неговата четиригодишна ќерка си играла во дворот, но ѝ здодедало, по што почнала да вика по татко ѝ заедно да си играат. Зафатен со рамките ѝ одговорил на ќерка си да оди да си игра со нејзиниот брат. Девојчето дошло кај татко ѝ, ги зело патентите од паднатите рамки и излегло да си игра надвор со нејзиното братче.

По кратко време неговиот син со трчање дошол кај него и му кажал дека сестра му ја изгребала колата со патентите. 

Нервозен поради оштетената кола, таткото го грабнал девојчето за рака и без да забележи дека чеканот му е во другата рака неколку пати го удрил со него. Кога погледнал што направил, ужаснат од своето дело го однел девојчето во најблиската болница, каде веднаш му била направена операција. 

Кога се освестило, тоа го здогледало својот татко и со солзи во очите му рекло: „Многу ми е жал тато што го уништив твојот автомобил.“ Откако погледнало во својата рака, го прашало кога ќе ѝ нараснат нови прстиња, при што му ветило дека никогаш повеќе нема да го направи тоа. На тоа таткото немал одговор. Поради неговиот бес, девојчето засекогаш ги изгубило прстите на едната рака. 

Кога се вратил дома, почнал да го удира автомобилот, при што забележал дека ќерка му му напишала: „Те сакам, тато!“


Поука: Бидете трпеливи во моментот на гнев, само така ќе ги избегнете многубројните денови на болка и жалење за направеното. Предметите се за да се користат и да им служат на луѓето, а луѓето се за да бидат сакани и да сакаат. 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2410 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус