Животен стил, Живеј квалитетно

Дали сте Интернет зависник?

28 март, 10:21

Секој од нас поминува одреден дел од денот пред компјутер, и тоа е сосема во ред во денешно време.

Кога ќе се земат предвид дрогата, алкохолот и другите тешки зависности со страшни последици, Интернет зависноста и не звучи така страшно.

Интернетот е дел од нашето секојдневие, но кога „сурфањето” ќе премине одредени граници, последиците ќе ги почувствуваат нашите најблиски.

Интернет зависниците несвесно се оддалечуваат од семејството и блиските, имаат сè помалку време за нив, ги запоставуваат секојдневните обврски...

Следните знаци ќе ви покажат колкав е вашиот степен на Интернет зависност. Ако се пронајдете во повеќето од нив, време е да се вратите во реалниот живот и да погледнете околу себе.

Најпосле, животот е многу повеќе од праќање статуси на социјалните мрежи, читање туѓи коментари и постојано „сурфање” по електронските медиуми.

Знаци на Интернет зависност:

  • Со самото отворање на омилените сајтови ве исполнува чувство на радост.
  • Секојдневно го зголемувате времето поминато на Интернет.
  • Имате сè помалку време за семејството и пријателите, токму поради времето кое го минувате пред компјутер.
  • И  покрај многуте обврски, не можете да одолеете и прво седнувате пред компјутер, а оваа ваша навика лошо се одразува на работните задачи.
  • Сурфате до доцна во ноќта, а првото нешто кое го правите наутро е повторно сурфањето - навика која може многу лошо да се одрази на вашето здравје.
  • Губите интерес за други активности,  ретко излегувате, не се дружите...
  • Промена на телесната тежина, главоболки, болки во грбот... Сите тие се знаци дека минувате многу време пред компјутер.

Можеби на прв поглед ви изгледаат сосема безопасни и нормални, но овие предупредувачки знаци не треба да се игнорираат. Интернет зависноста може да ве оддалечи од најблиските, да ве промени во негативна смисла, да ве оттргне од смислата на животот. Додека гледате во екранот, животот си тече, а вие добивате уште еден залудно потрошен ден „online”.
 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1696 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус