Неверојатно вкусна домашна супа

23 септември, 06:55

Оваа домашна супа од зеленчук се подготвува брзо и лесно, а вкусот ќе измами насмевка кај вашите најмили.

Состојки:
1 поголем морков
1 поголем компир
неколку цветови карфиол
1 јајце
малку јогурт или павлака
зачини
јунешка коцка за супа
 

Подготовка:
Изрендајте го морковот и кратко запржете го со малку масло. Додадете го и ренданиот компир, повторно кратко запржете, додадете вода, мешан сув зеленчук, сол и црн бибер, и оставете да зоврие.

Цветовите карфиол ставете ги во зовриената супа, варете ги неколку минути, додека малку омекнат, потоа испасирајте ги со виљушка и вратете ги во супата.

Тргнете го тенџерето од оган и оставете малку да се излади. Потоа додадете магдонос и јајце изматено со малку јогурт или павлака. При додавањето на смесата од јајце и павлака постојано мешајте ја супата, за смесата убаво да се изедначи.

По желба во текот на варењето може да додадете и јунешка коцка за супа, која уште повеќе ќе го збогати вкусот.

Добар апетит и уживајте во домашната супа!

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 14988 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус