Филм

Филмови за кои многу ќе се слуша

04 јануари, 14:50

Во очекување на филмските награди SAG, Златен Глобус и Оскарите, неколку филмови се издвојуваат од останатите и се вбројуваат во потенцијални добитници на престижните награди. Тоа се одлични филмски остварувања реализирани од веќе докажани режисери и актери, филмови за кои допрва многу ќе се слуша и зборува.

 

 

Silver Linings Playbook

Романтичната комедија наиде на многу позитивни критики. Критичарите едноставно го сакаат филмот, актерската екипа, сценариото и начинот на кој сето тоа е убаво спакувано како финален производ, под режисерската палка на Дејвид Расел.
Се очекува филмот да понесе дел од наградите, а главната ѕвезда на филмот Џенифер Лоренс најверојатно ќе ја добие наградата Златен Глобус за најдобра актерка во комедија. 

Argo

Филмот кој ќе донесе многу возбудувања поради фактот дека е снимен според вистинска тајна операција на ЦИА се вбројува меѓу најдобрите филмски остварувања. Критичарите се воодушевени и го оценуваат како еден од најдобрите филмови на годината, филм за кој едноставно не може да речете дека не ви се допаѓа. Бен Афлек одлично се снајде во улогата на режисер и главен актер и успеа да ја пренесе неверојатната тајна операција на големото платно, со што е во трка за престижните награди, а критичарите предвидуваат дека ќе го добие Глобусот за најдобра драма.

Zero Dark Thirty

Филмот на Кетрин Бигелоу за обидот на брилијантната агентка да го пронајде и елиминира Бин Ладен предизвика многу реакции. Бигелоу ја донесе приказната на нејзин својствен начин, а нејзината работа критичарите ја оценија како зачудувачка, храбра и интимна. Zero Dark Thirty ја разбранува јавноста поради сомневањето дека режисерката и сценаристот имале недозволен пристап до тајните владини документи за напорите да се пронајде Бин Ладен. Филмот има неколку номинации за Златен Глобус, а се очекува да биде номиниран и за Оскар.

Les Miserables

Иако критиките се поделени, Les Miserables се вбројува меѓу најдобрите филмски остварувања во категоријата мјузикл. Оние на кои им се допаѓа, го опишаа како незаборавен филм. Одличните актери Хју Џекман и Ен Хатавеј најверојатно ќе понесат дел од наградите, а филмот сам по себе има најмногу номинации за SAG наградите како и за Златен Глобус.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1045 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус