Филм

Silver Linings Playbook

07 март, 06:15

Романтичната комедија „И во добро и во зло” е еден од најдобрите филмови во изминатата година, номиниран за Оскар во повеќе категории, добитник на Оскар за најдобра женска улога, BAFTA награда за најдобро сценарио, награда од критичарите за најдобра екипа, актер и актерка.

Приказната се врти околу Пет Солитано (Бредли Купер), човек кој неодамна се разделил од сопругата, па се обидува да си го среди животот и младата вдовица Тифани (Џенифер Лоренс), девојка со свои проблеми.

Нивното познанство ќе им го промени животот и ќе ги научи да станат свесни за малите чуда кои секој ден се случуваат во нашите животи.

Оригиналниот наслов „Silver Linings Playbook” се однесува токму на тие мали нешта кои доколку одлучиме да ги забележиме го збогатуваат животот.

Филмот има голема емоционална длабочина, ги прикажува понекогаш сложените семејни односи, борбата за повторното наоѓање на своето место во општеството, а одличната приказна е збогатена со глумата на Робет Де Ниро, Крис Такер и Џулија Стајлс.

Дејвид Расел направи одличен филм на неконвенционален начин својствен за него, со што уште еднаш докажа дека е еден од најсмелите холивудски режисери.

На листата на IMDb, „Silver Linings Playbook” има одлични критики од оние кои го гледале и рејтинг 8/10.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1006 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус