Филм

Taken 2

10 јануари, 12:51

Taken 2 е француско-американски трилер во режија на Оливер Мегатон кој официјално излезе на 3 Октомври 2012 година.

Taken 2 е продолжение на одличната приказна од првиот дел во која Брајан, за да ја спаси својата ќерка, го уби главниот на албанската мафија, т.н. Марко од Тропоја. Поради крвната одмазда, Мурад, таткото на Марко, ќе ги зароби Брајан и неговата сопруга Ленор додека престојуваат во Истанбул.

И овој пат, со поддршката на својата ќерка, Брајан ќе ја победи мафијата, повторно спасувајќи го своето семејство.

Во главните улоги настапуваат: Лиам Нисон во улога на Брајан Милс, Раде Шербеџија во улога на таткото на Марко, Мурад Красниќи, Маги Грејс во улогата на Ким, ќерката на Брајан и Фамке Јасон во улога на сопругата Ленор.

Филмот кој наиде на мешовити критики од страна на светската јавност и заработи над 366 милиони долари е Мој предлог.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 982 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус