Филм

The Hobbit – An Unexpected journey

28 јануари, 13:44

Последното продолжение на „The Lord of the Rings”, „The Hobbit – An Unexpected journey” е всушност самиот почеток на приказната за прстенот со посебна моќ.

Авторот на новелата „The Hobbit”, добро познатиот англиски писател J. R. R. Tolkien, новелата ја напишал во далечната 1937 година. 
Книгата доби многубројни  позитивни критики и за многу кратко време прерасна во најдобра фантастична книга за малолетници и со право е признаена за класика во детската литература. 

Режисерот Peter Jackson и овој пат, исто како и во претходните продолженија од филмот, на многу успешен начин ја доловува самата приказната, користејќи прекрасни предели, пејзажи, градби и секако напредната компјутерска технологија, на тој начин одлично пресликувајќи ја новелата на филмското платно.

Приказната во филмот ги прати неколкуте преживеани џуџиња во нивниот обид повторно да си ја вратат изгубената земја која им ја одзеде лошиот змеј Smaug.
Волшебникот Gandalf го одбира неподготвениот и млад хобит Bilbo Baggins да се приклучи кон групата на џуџиња, за да им помогне во остварување на нивната цел. 
Не по своја желба, младиот хобит Bilbo Baggins го започнува своето неочекувано патување низ Осамената планина и на овој начин собира материјали кои подоцна ги употребува за пишување на неговата книга во која се спомнуваат и вилениците, орките, змејовите и останатите измислени натчовечки ликови.

Во овој дел всушност започнува и самата приказна за прстенот која се раскажува во останатите три продолженија од филмот.

Добро познатата и веќе докажана актерска екипа се појавува и во ова продолжение од приказната, Ian McKellen го игра ликот на волшебникот Gandalf, Martin Freeman го игра ликот на  Bilbo Baggins, Cate Blanchett го игра ликот на Galadriel ,добро познатата принцеза на Noldorin, Elijah Wood го игра ликот на Frodo Baggins.

„Неочекуваното патување” ќе ве одведе на места за кои не сте ни сонувале и ќе ве запознае со ликови кои патувањето ќе го направат незаборавно.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2101 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус