Грејпфрутот може да биде опасен

14 февруари, 10:05

Доколку пиете било какви лекови, стручњаците препорачуваат во никој случај да не внесувате грејпфрут (свеж или во облик на сок) во вашиот организам. 

Новите испитувања покажале дека внесувањето на грејпфрут во организмот, во период кога пиете лекови, неколку пати го зголемува дејството на лековите.

 

Последиците од внесувањето на грејпфрут во организмот за време на било каква лекарска терапија можат да бидат многу штетни и да предизвикаат моментално престанување на работата на бубрезите, проблеми со дишењето, внатрешно крварење, па сé до ненадејна смрт.

Веќе подолго време се предупредува на опасната комбинација од грејпфрут со лекови.
Но во последниве години, на ова истражување се посветува сé повеќе време, бидејќи од 85 лекови на кои реагира грејпфрутот, се покажало дека комбинацијата со 43 од нив може да биде катастрофална и да предизвика голем број на несакани проблеми по здравјето.

Опасноста од добивањето на несакани здравствени проблеми по вашето здравје може да го предизвика и зелениот лимон, т.е. неговото комбинирање со лекови.

Отсега па натаму, внимавајте, што како дополнителни витамини, покрај препишаната лекарска терапија, внесувате во вашиот организам.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2537 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

1 Мај

1 Мај
Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус