Здравје, Здрави навики

Супер здрави сокови

06 јуни, 18:55

Чаша свежо подготвен, домашен сок наутро или во текот на денот, е вистинска витаминска бомба.
Тоа сигурно сите добро го знаете, но дали имате навика да подготвувате свежи сокови?

Најдете малку време, изберете некој од нашите предлози или едноставно подгответе сок од она овошје или зеленчук кое го имате дома во моментот.

Секоја комбинација е добра и здрава.

 

Еве што ние ви предлагаме:

Сок за јакнење на имунитетот

Состојки:
1 мала репка
3 моркови
8 стебленца целер
1 поголемо парче брокула (заедно со стебленцата)
2 чешниња лук

Ставете во соковник и добивате сок кој се бори против сите инфекции на белите крвни зрнца. Се смета дека оние кои пијат сок од брокула, лук и целер, се здрави во текот на целата година.

Сок за убава кожа

Состојки:
1-2 краставици
1 помало јаболко (се додава колку да му даде блажина на сокот)

Оваа комбинација е одлична за здрава и убава кожа на лицето. Краставицата содржи многу корисни минерали, а на кожата ѝ ја дава и потребната влажност.

Сок за ослободување од стрес

Состојки:
2 големи грста спанаќ
3-4 стебленца брокула
3-4 стебленца целер
1 голем или 2 мали моркови

Спанаќот содржи високо ниво на магнезиум неопходен за опуштање на нервите и мускулите. Го подобрува расположението, а помага и за добар сон.


Можеби не сте помислувале да пиете сок од спанаќ, или да пробате брокула, моркови и лук, но ова се навистина здрави пијалоци, па дадете им шанса и пробајте ги.

Кој е вашиот омилен свежо исцеден сок?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3794 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

21 Мај

21 Мај

Во 2006 година Црна Гора со 55% ЗА од вкупниот број гласови на референдумот за независност на Црна Гора и црногорскиот народ се одлучи за одделуање од Република Србија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус