Идеи за декорирање на дневни соби со виолетова боја!
Дневната соба е место во домот во кое секој од нас го поминува најголемиот дел од денот. Поради тоа, дневната соба треба да биде пријатно место во кое ќе се релаксираме и опуштаме.
Оваа соба треба да биде уредена по сопствен вкус. Во неа треба да преовладуваат бои кои се омилени на оние кои престојуваат во неа и бои кои релаксираат.
Доколку во вашата соба преовладуваат нежно белата или кремовата боја, што е случај со повеќето дневни соби кај нас, време е да внесете мала промена, да внесете некој елемент, детаљ, украс, завеси или перничиња во друга боја, со што дневната соба ќе добие сосема нов и поинаков изглед.
Овој пат ви препорачуваме да ја одберете виолетовата боја со која ќе внесете живост и разиграност во домот.
Виолетовата боја е омилена кај луѓето кои бараат духовна исполнетост, таа е симбол на кралското семејство, боја која дава чувство на луксуз и префинетост и е боја на добро расудување.
Без разлика дали ќе обоите некој ѕид од дневната соба со виолетова боја, или тоа ќе бидат виолетови завеси, перничиња, или едноставно ќе ја збогатите собата со по некој нов и модерен виолетов украс, новиот изглед кој ќе го добиете ќе биде беспрекорен и модернистички.
Тапацирајте ги вашите столови, вашата омилена фотелја или гарнитура во виолетова боја, поставете нов виолетов тепих, поставете нови виолетови драпери или завеси и создадете си нов и ултра модерен софистициран простор за живеење, во кој ќе можете да се опуштите и да уживате во вашето секојдневие.
Преку следните фотографии ви даваме можност да погледнете како изгледаат дневни соби во кои преовладуваат виолетови детали.
Разгледајте, па можеби ќе ви се роди идеја за да направите и вие промени во домот, а секоја промена е добредојдена, нели?
Додади коментар