Животен стил, Пилатес и јога

Јогата помага при забременување

11 јануари, 06:57

Практикувањето на јога пред обидот за забременување е од голема корист, затоа што помага да се создадат потребните услови за да се случи зачнувањето.

Со јогата телото се одржува во добра форма, умот е смирен, дишењето се одвива правилно, сите органи функционираат нормално, жлездите со внатрешно лачење функционираат правилно.

 

Како сеопфатно образование за телото и умот, јогата помага целиот организам да биде здрав и во одредени ситуации да го подобри неговото здравје. Од внатрешната смиреност зависи нормалното лачење на хормоните кои се директно поврзани со условите за зачнување.

Сé повеќе е присутен фактот дека повеќето двојки се среќаваат со потешкотии да добијат дете. На тоа влијае напнатоста, анксиозноста и стресот кој сé повеќе е присутен во секојдневниот живот. 

За да настане природно зачнување неопходни се здраво тело и мирна и хармонична состојба на умот.
Јогата е природен начин кој потврдува дека организмот може самиот себеси да си помогне со свои сили, а таа е многу добар метод на подготвување на организмот за зачнување.
Откако ќе настане зачнувањето, не престанувајте да практикувате јога, напротив, бидете уште поредовни на часовите, бидејќи благодатите во текот на бременоста се уште поголеми.

Со редовно и правилно практикување, јогата многу му помага на телото во текот на бременоста. Извежбаниот ум и извежбаното тело ќе го подготват телото нормално и природно да се соочи со сите нови промени кои настануваат во текот на бременоста, како што се: проблеми со рбетот, проблеми со половината, проблеми со отекување на нозете, психичката напнатост, проблеми со дишењето, менталниот и телесниот замор и многу други проблеми.
Умот, кој веќе треба да е извежбан со методите на релаксација и смиреност, полесно ќе се справи со разни состојби на стрес во секојдневниот живот и со разните промени кои настануваат откако ќе биде зачнат нов живот. 

Замислете се и запрашајте се, дали е веќе време да почнете да практикувате јога?


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3272 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус