Позитива, Поучни приказни

Како таткото го подели својот имот на синовите?

28 октомври, 06:45

Тој веќе бил стар, имал тројца синови и само 17 камили. Чувствувајќи се изнемоштен одлучил да го подели наследство на синовите. На најстариот му дал половина од камилите, на средниот 1/3 од камилите и на најмалиот 1/9 од камилите.

Не можејќи никако да ги поделат камилите, тројцата синови побарале совет од нивниот татко. Откако му раскажале на нивниот татко дека не ќе можат да се поделат камилите, тој купил уште една и им рекол да ги поделат.

Така најстариот добил половина, односно 9 камили. Средниот син добил 1/3, односно 6 камили и најмалиот 2 камили.

Откако поделиле како што посакал нивниот татко, ги изброиле камилите и сфатиле дека една е плус. Стариот ја вратил камилата, а синовите си добиле кој колку што треба.

Совет: Кога ќе наидете на проблем во животот секогаш побарајте ја 18-та камила, затоа што за секој проблем постои и решение.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2769 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус