Мој предлог, Филм

„Кодош“ – откривање на најголемите наркобосови во Америка

11 јуни, 18:20

„Кодош“ е американски криминалистички филм во режија на Ric Roman Waugh и Dwayne Johnson во главната улога. Филмот кој ги подели мислењата на критиката својата премиера ја доживеа на 22 февруари оваа година.

Џон и Силвија по нивниот развод живеат одвоен живот. Од заедничкиот брак имаат само еден син кој живее со Силвија. Нивниот син Џејсон ќе биде уапсен поради поседување на дрога. Иако е невин, Џејсон ќе биде осуден на 10 години затвор. Џон дознава дека и по истекот на затворската казна Џејсон нема да излезе жив. Чувствувајќи разочараност од себе како татко ќе го стави својот живот во опасност.

Џон ќе се договори со американскиот обвинител Џоан Кихан да помогне во фаќањето на најголемите наркобосови во Америка. За таа цел тој ќе мора да се инфилтрира во подземјето и да го ризикува својот живот. 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2007 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус