Ќофтенца од тиквички

03 август, 01:30

Необично вкусна комбинација на здрави состојки. Ќофтенцата од тиквички се подготвуваат брзо и лесно, а вкусот мора да се доживее.

Состојки:
2 тиквички
главица кромид
1-2 чешниња лук
малку фета сирење (100 -200 грама)
1 јајце
брашно
зачини
магданос

Подготовка:
Излупените тиквички изрендајте ги и оставете ги некое време да се исцедат. Додадете им малку сол, за побрзо да пуштат течност.
Убаво измесете ги за да излезе што повеќе течност.

Кога ќе бидат добро исцедени, додадете им рендан кромид, ситно исечкан лук, фета, сечкан магданос, црн бибер, сол и 1 јајце. Измесете ги сите состојки и по потреба додавајте брашно додека добиете смеса од која може да се прават ќофтенца.

Изматете 1 јајце, па секое ќофтенце ставете го во јајце, потоа во лебни трошки и пржете ги во добро загреано масло. Наместо со јајце, може да ги посипете само со брашно. По пржењето ставете ги на хартија за да се впие маслото.

Може да ги послужите со павкала во која сте додале ситно исечкан лук. Подгответе и свежа салата, и ќе добиете оброк за целото семејство.

Добар апетит!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6833 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус