Гибаница со спанаќ

23 мај, 14:40

 

 

 

 

 

 

Состојки:

5 јајца
150 гр. путер
1 кг. спанаќ
400 гр. сирење
200 гр. крем сирење
½ кг. кори за баклава

Подготовка:

Спанаќот лист по лист убаво се мие, му се става сол и се трие убаво со рацете, се остава да отстои 15 минути и потоа се цеди.

5 жолчки убаво се матат со миксер, па им се додаваат ренданото сирење, крем сирењето, растопениот путер и претходно подготвениот спанаќ.

Белките се матат во посебен сад и се додаваат во смесата која убаво се меша за да се соединат сите состојки.

Плехот во кој ќе се печи гибаницата се мачка со малку масло, но може да се обложи и со хартија за печење.

Најпрво на дното на плехот се ставаат 4 кори и се става од филот, потоа се редат повторно 4 кори и повторно од филот. 
Постапката се повторува додека се потрошат сите кори и целиот фил. 
Последниот слој од гибаницата треба да заврши со кори. 

Целата гибаница се попрскува со малку масло, корите се премачкуваат со матено јајце и се попрскуваат со сусам.

Гибаницата се печи од 40 до 50 минути на 200 степени целзиусови.  

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3720 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус