Занимливост, Мистерии

Кој се крие зад мистериозната слика?

09 октомври, 06:34

Мистериите се насекаде околу нас. Се среќаваат во историјата, уметноста, религијата, архитектурата...

Дел од светските мистерии со текот на времето се разрешуваат, а дел остануваат и натаму таинствени, дозволувајќи ѝ на нашата фантазија да бара одговори на многуте прашања.

Мистериите не го одминале ни сликарството. Почнувајќи од мистериозната насмевка на Мона Лиза, ред други светски познати слики се обвиени со доза мистерија.

Зошто една обична слика би била мистериозна?

Познавачите на уметноста кажуваат дека сите портрети насликани пред 19 век се портрети на личности кои бие многу познати и значајни. Најголем дел од портретите на големите мајстори се одгатнати и се знае точно која бија личноста претставена на портретот, како живеела и зошто била важна. Сепак, еден дел од ремек делата сè уште ја кријат приказната насликана на платното, и токму во тоа е нивната мистерија.

Меѓу најмистериозните слики на сите времиња се вбројуваат Девојката со бисерна обетка и Ла Форнанира.

Девојката со бисерна обетка

devojkata so biserna obetka, la fornarina, slikari, misterii, девојката со бисерна обетка, мистерии, mona liza, мона лиза

Овој прекрасен портрет е познат и под името „Мона Лиза од северот”, дело е на холандскиот сликар Јоханес Вернер, работен е во техниката масло на платно, а датира некаде од 1665 година.
Во фокусот на сликата е токму бисерната обетка, а мистеријата доаѓа од прекрасната девојка насликана на платното.
За нејзиниот автор се знае многу малку, а за девојката речиси ништо. Која била оваа таинствена девојка која како да извира од темнината со поглед кој има толку многу да каже... Дали оваа девојка била од посебна важност во времето во кое живеела или е само обичен модел кој му позирал на уметникот, можеби никогаш нема да се дознае.
Ремек делото на Вернер беше инспирација за истоимениот роман и филм, каде девојката е претставена како слугинка во која ќе се вљуби познатиот уметник и ќе ја принуди да му позира со бисерните обетки од неговата богата сопруга.

Ла Форнанира

devojkata so biserna obetka, la fornarina, slikari, misterii, девојката со бисерна обетка, мистерии, mona liza, мона лиза

Ренесансниот мајстор на сликарството, Рафаел, е авторот на Ла Форнанира, навидум портрет како и сите други, а всушност слика која во себе крие мистерија.
Сликата е создадена некаде меѓу 1518-1520 година, завршена непосредно пред смртта на Рафаел.
Познавачите на уметноста и историјата долго време сметаа дека девојката на сликата е една од многуте љубовници на славниот сликар, ќерка на пекар (самото име на сликата значи девојка која работи во пекара), сè додека пред неколку години, при една реставрација и чистење на платното, на прстот од девојката не се појави венчален прстен.
Она што е познато за Рафаел е дека се очекувало да се ожени со внуката на Кардиналот, но никогаш не застанал пред олтарот.
По откривањето на прстенот, неколку приказни започнаа да ја одгатнуваат мистеријата. Според некои познавачи на историјата и животот на Рафаел, девојката на платното е неговата голема љубов со која тајно се венчал, затоа не можел да стапи во брак со внуката на Кардиналот.
Бидејќи девојата била негова голема љубов, Рафаел своето име на сликата го ставил на нејзината рака, веднаш до срцето, што не е вообичаено devojkata so biserna obetka, la fornarina, slikari, misterii, девојката со бисерна обетка, мистерии, mona liza, мона лизапотпишување на ниеден уметник.
Според други пак, сликата е портрет на сопругата на Агостини Чиги, човек за кој Рафаел работел, многу богат банкар и соработник на тогашниот Папа, но не постојат никакви други портрети од сопругата на Чиги за да се направи споредба.
Она што со сигурност може да се потврди е слојот боја со кој била премачкана сликата со цел да се скрие венчалниот прстен. Историчарите сметаат дека сликата ја завршил еден од учениците на Рафаел. По ненадејната смрт на уметникот на 37 годишна возраст, еден негов ученик, Џулио Романо, ја прекрил сликата со нов слој боја за да ја зачува тајната на својот учител.

Сликите поминале долг пат и смениле неколку сопственици додека стигнат до нивниот денешен дом. Изложени се во музеј каде илјадници посетители им се восхитуваат поставувајќи си го прашањето на кое нема одговор:„Која е девојката на сликата?”

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8730 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 Мај

14 Мај

Во 1984 година во Њујорк е роден Марк Цукерберг, ко-основачот на социјалната светски позната и користена мрежа Facebook.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус