Здравје, Здрави навики

Мед и таан – од векови запишан рецепт

11 декември, 05:05

СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ИСЦРПЕНИ? ВАШЕТО ЛИБИДО ПАЃА? СРЦЕТО ВИ ПРАЌА СИГНАЛИ, А КОЖАТА ВИ Е СУВА И БЕЗЖИВОТНА???? НЕМА СОЛЗИ И ЛЕЛЕК...ИМА ЛЕК ОД ВЕКОВИ ЗАПИШАН РЕЦЕПТ...

За медот и таанот знаете што може да се каже, ама неее.. може гласно да се викне ЈАДЕТЕ ГО ЛУЃЕ ОД 7 ДО 77 АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ЗДРАВИ И ДОЛГОВЕЧНИ.

Не се овие шеговити или празни зборови, тоа моето долгогодишно искуство зборува од мене.

Занимавајќи се долги години со тајните на Здравата исхрана и во исто време менувајќи го и сопствениот режим на исхрана, а во текот на годините испробувајќи и потврдувајќи ја нутритивната вредност на некои намирници, сосема слободно и со сигурност можам да потврдам дека сусамот и медот се оние намирници кои котираат многу високо на списокот на најздрави намирници.

Особено ги препорачувам на децата, жените во менопауза и постарите лица. Зошто на децата, бидејќи го потпомага нивниот раст и развој. На жените зошто многу добро ги балансира женските хормони кои се знае дека во менопаузата го губат својот нормален тек на лачење, на овој начин ќе ги избегнат и толку непријатните топлотни бранови(валунзи) и на постарите затоа што го ревитализира организмот.


Многу може да се зборува за користа од конзумирањето на медот со таан за што треба простор и време но ако имате малку доблест во себе поверувајте им на моите зборови и почнете да го јадете. На почетокот, ако до сега не сте го пробале, треба внимателно по малку и тоа ЗАДОЛЖИТЕЛНО на празен желудник за да може најдобро да се искористи во организмот. Ви препорачувам на сабајле бидејќи е и калоричен, а преку ден вие се трошите така најдобро вашиот организам ќе го искористи без да ги складира шеќерите и мастите кои ги содржи во себе.

Да напоменам дека сето до сега кажано се однесува на организам при нормална здравствена состојба без постоење на некои болести како што е Дијабетес и др. Во тој случај и тогаш може да се употреби, но на поинаков начин и во поинакви дози.

Како да го направите:
соодносот е 1:1
во тегла ставате половина сусамов таан половина тегла мед. Земате ДРВЕНА лажица со подолга рачка и со рачката почнувате да мешате во теглата. Полека во ритмички движења во еден правец. Како мешате смесата станува погуста, мешањето станува потешко. Не чудете се зошто ова го потенцирам: ЗАТОА ШТО САМО НА ОВОЈ НАЧИН НАЈПРАВИЛНО СУСАМОВОТО МАСЛО ОД СУСАМОТ ДОБРО ЌЕ СЕ СПОИ СО МЕДОТ И ТАКА ПОЛЕСНО ВАШИОТ ОРГАНИЗАМ ЌЕ ГО ПРЕРАБОТИ-МАКСИМАЛНО ЌЕ ГО ИСКОРИСТИ.
Кога ќе јадете само со пластична или дрвена лажичка НИКАКО со метална, во спротивно ги уништувате корисните состојки во медот.


Медот е ризница од витамини и минерали.
Сусамот е прекрасен извор на калциум, железо, магнезиум, манган, селен и бакар и фитостероли, витамини од групата Б, сезамин, состојка која го штити црниот дроб.


Медицински бенефит:
-го регулира холестеролот;
-превенира создавање на тромб-згрутчување на крвта;
-отстранува цревни паразити;
-лечи хемороиди пропратени со крварење и болки;
-се употребува против акни,чиреви;
-го намалува крвниот притисок;
-ја регулира нередовната столица;
-како прекрасен извор на витамин Е ја обновува и заштитува кожата;
-лекува артритис  и
-астматични напади.

Се надевам Ви помогнав малку во едуцирањето во врска со употребата на едни од најздравите намирници кои во комбинација си одговараат 100%.
Кога овие две намирници се заедно нивното корисно дејство двојно се зголемува.

Не се двоумете,земете тегла, земете сусамов таан и мед и вашиот тен ќе блесне,а срцето ќе искачи планина без да трепне.

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 51441 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус