Моите здрави чоколадни коцки за витка и трајна става

20 февруари, 00:01

Можеби зборовите во самиот наслов - ЗА ВИТКА И ТРАЈНА СТАВА - ви отвораат прашања и недоверба, но на кратко ќе се обидам да ве убедам дека и какаото и чоколадото (се однесува на она чоколадо чиј најголем составен процент го сочинува  какаото од 75-85%) не треба и не е воопшто посакувано да го исклучувате од вашата исхрана, а сепак да имате добра, здрава и витка линија.

Какаото е богат извор на  антиоксиданси - со еден збор содржи многу повеќе од црвеното вино -3 пати, од зелениот чај -20 пати, од боровинките -10 пати.

Помага за:

  • намалувањето на високиот крвен притисок;
  • намалување на холестеролот; 
  • ја зголемува стимулацијата на мускулите;
  • го подобрува крвотокот;
  • потврдени се испитувањата дека само 75гр.црно чоколадо(со 70-75% какао) во денот ги намалува можностите за срцев удар до 40% и  од настанување на мозочен удар;
  • дава енергија;
  • составен дел е од диети или режими на исхрана за намалување на телесната тежина;
  • ги зајакнува ноктите и косата, кожата ја подобрува;
  • го детоксицира црниот дроб и му помага на панкреасот во неговата работа;
  • ја потпомага циркулацијата.

Ако ја почитувате дневната норма за задоволувањето на потребите на организмот од витамини и минерали и други нутритиви и во сооднос на тоа соодветната дневна норма за конзумирање на какаото - чоколадото ОД 7.5гр.- тогаш тие ќе ви служат само во насока на одржување на доброто здравје, А НИКАКО ВО НАСОКА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА.


Моите чоколадни коцки можете да ги направите со темно чоколадо или со какао по ваш избор и како здрава ужинка во комбинација со чај или со шолја топло какао да ви претставува вистинско задоволство и момент на релаксација.

РЕЦЕПТ:

Потребен материјал:

  • ½ шолја гмечена банана или
  • рендани јаболка
  • 12 супени лажици интегрално пченично брашно
  • 1 ½ шолја рендано темно чоколадо
  • 1 кафена лажичка ванила или
  • ¼ кафена лажичка цимет
  • ¼ кафена лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка прашок за печење
  • 3 лажици путер
  • прстофат сол
  • 2 лажици топла вода

Подготовка:

Во сад на средна температура се спојуваат путерот и чоколадото и се оставаат на страна.

Во друг сад се спојуваат шеќерот+бананата или јаболката+водата + ванилата или циметот, сè добро се промешува на што потоа му се додава чоколадото со путерот. Во оваа смеса се додаваат сувите состојки, брашното+сода бикарбоната+прашокот за печиво.

Сè добро се спојува, но не се меша многу енергично. Се тура во намрсена тава и поросена со брашно или само намрсена ако е од оние во кои не се лепи тестото. Се пече во загреана рерна на 180-200°Ц околу 25мин. Се остава да се излади, а потоа се сече на коцки.

ДОБРОТО ДРУШТВО ИЛИ УБАВА КНИГА ОВА СЛАТКО ДОЖИВУВАЊЕ САМО ЌЕ ГО НАПРАВИ УШТЕ ПОУБАВО.

 

Cokoladni kocki
 

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 3056 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

21 Мај

21 Мај

Во 2006 година Црна Гора со 55% ЗА од вкупниот број гласови на референдумот за независност на Црна Гора и црногорскиот народ се одлучи за одделуање од Република Србија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус