Риба во рерна за само 15 мин. – Здрав начин на приготвување

22 февруари, 00:01

Храната која ја приготвуваме ќе ја исполни својата цел само ако и после приготвувањето во себе ги содржи во најголем процент своите нутритивни вредности.

За да се постигне тоа самиот начин на готвење треба да биде прилагоден на видот на намирницата и на потребата на тие витамини и минерали кои ја налагаат за соодветна термичка обработка.

Рибата може да се спреми на повеќе начини, но еден од здравите начини кои ќе ѝ овозможат да биде крцкава, а сепак здраво приготвена е кратко печење во рерна.

Потребен материјал:

  • 3 парчиња риба ослич или риба која вие сакате по избор
  • 200 гр. пченично интегрално брашно или ′ржано интегрално или пченкарно
  • сушен рузмарин
  • сол за поросување на рибата
  • 5-6 лажици маслиново масло

За салата :

  • дајкон
  • магдонос
  • зелена листеста салата
  • корен целер
  • морков
  • гомасио или сол
  • сок од лимон или јаболкова киселина
  • маслиново масло
  • оригано
  • свежа шитаке печурка
  • варен интегрален ориз

Во салатата по желба може да се додава бела или црна трупка. Количината е по желба зависно од тоа за колку чинии треба да се направи.

Најнапред исчистената, измиена и исушена од влажноста риба се посолува и секое парче се валка во брашното (по ваш избор кое ќе го употребите). Потоа ја ставате во сад кој веќе сте го попрскале со маслиново масло. Над ставената риба се распоредува рузмаринот и над нив се попрскува со маслиновото масло.

Така подготвената риба се става во загреана рерна на 200-220°Ц и се пече околу 15-20мин.

Откако ќе се испече парчињата риба се ставаат на впивателна хартија за да ја впие маснотијата од печењето.

Со вака испечената риба се јаде салата во која има таков зеленчук кој има улога на апсорбент на маснотиите и во исто време активатор и забрзувач на варењето на храната. За таа цел со риба секогаш се прави салата во која како основа има рендан дајкон (замена за дајконот може да биде црната или белата трупка), целер и многу магдонос како такви природни елиминатори на маснотиите и како добри диуретици. На оваа основна комбинација можете да додадете и други намирници и да импровизирате по ваша фантазија. Мој предлог е да се додаде зелена салата, свежи шитаке печурки и варен интегрален ориз. Зачинете и вашиот вкусен, добро избалансиран оброк е готов. Нека рибата биде што почесто на вашето мени. Таа е вистинско здравје во чинија, толку посакуваните омега-3 масни киселини и фосфор од еден од најдобрите природни извори. Зеленчукот како извор на витамини и минерали, интегралниот ориз извор на витамин Б и шитакето како извор на железо и белковини е вистински избор за дополнување...па што треба повеќе!

А што ви дава рибата во комбинација со зеленчукот?

  • го подобрува здравјето на мозокот
  • го подобрува здравјето на срцето
  • го зајакнува имунитетот

Три основни нешта како предуслов за добро здравје.
КОМБИНАЦИЈА ОД СОНИШТАТА ЗА ОНИЕ ШТО САКАТ ДА БИДАТ УБАВИ И ЗДРАВИ.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 34122 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус