Мој предлог, Филм

„Move on“ – снимен во Маврово

08 јуни, 09:40

„Move on“ е акционен филм во кој главниот лик патува низ осум европски земји, меѓу кои и Македонија. Неговата цел е да пренесе куфер во кој не знае и нема ни да дознае што се наоѓа. Координатите кои ќе му бидат дадени ќе го доведат до вештачкото езеро Глобочица во Македонија.

Последните сцени од филмот ја отсликуваат убавината на шумските предели на Маврово. Задачата со мистериозниот сребрен куфер е најзначајна во неговиот живот, тоа е карта за излез од „работата“.

Но, неговите планови ќе ги успори една млада девојка која сака одмазда за нејзините родители, убиени во една од неговите тајни задачи од претходно.

Не го пропуштајте ова филмско остварување во кое се отсликува и Македонија. Филмот е во режија на Асгер Лет, со поддршка од Дојче Телеком, Wolkswagen, Samsung и многу други. Во главната улога настапува Мадс Микелсен.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2098 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус