Новитети

Автомобилот на Кларк Гејбл продаден на аукција во Аризона

23 јануари, 11:49

Аукцијата на автомобили во организација на аукциската куќа Barrett-Jackson годинава донесе многу изненадувања.

Голем дел од автомобилите се продадоа за неочекувано ниска цена, оставајќи ги изненадени учесниците  и оние кои во живо ја пратеа познатата аукција.

Импресивна цена достигна оригиналниот Batmobile кој се продаде за 4.2 милиони долари, а добро помина и Mercedes-Benz 300SL од 1955, кој  некогаш беше во сопственост на легендарниот актер Кларк Гејбл.

По смртта на Гејбл, автомобилот промени неколку сопственици, но сепак остана уникатен и непроменет. Имено, Гејбл самиот додал посебни пневматици и уникатен управувач, кои и денес се дел од автомобилот.

Mercedes-Benz 300SL достигна цена од 1.85 милиони долари, иако првобитното наддавање беше над оваа сума и се движеше некаде околу 1.9 милиони долари.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1220 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус