Новитети

Се намалува ли продажбата на iPhone 5?

24 јануари, 12:05

Откако од компанијата Apple гордо се пофалија со продажба на 47.8 милиони телефони од iPhone моделите за последниот квартал од 2012 година, нивната продажба почна да опаѓа.

iPhone 5 не успеа да се продаде во големи количини како што се очекуваше од компанијата, што се должи на сличностите со претходните модели. Тоа што изненадува е фактот што поголем дел од продажбата се однесува на iPhone 4 моделите. 

Според весникот Вол Стрит, акциите на Apple опаѓаат, а доколку работите не се променат, ќе го изгубат својот удел на пазарот за првиот квартал од 2013 година.

Наспроти овие предвидувања, извршниот директор на Apple изјави дека нема простор за паника, за сега iPhone се продава добро во ограничени количини, чија продажба се очекува да расте во текот на наредната година.

За сега, најголем конкурент на пазарот се Samsung Electronics со Galaxy S, кои полека заземаат поголем удел на пазарот.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 836 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус