Откритија

Како изгледале вистинските Хобити?

12 декември, 14:43

Сите оние кои ја гледале фантастичната трилогија „Господарот на прстените”, сигурно се сеќаваат на Хобитите, малите, симпатични и весели човечиња кои знаат како да се забавуваат и да го живеат животот.

Но како навистина изгледале Хобитите?

Dr. Susan Hayes, антрополог од Австралија, користејќи посебна технологија направила реконструкција на женски череп и го прикажала изгледот на Хобитите.

Dr. Hayes, чија специјалност е реконструкција на лице, користела технологија за решавање на тешки криминални случаи и со помош на дигитален модел на череп стар 18 000 години, направила реконструкција на лице на жена Хобит.

Реконструкцијата покажала дека жената Хобит била висока околу еден метар, а тежела околу 30-35 килограми.

Всушност, станува збор за реконструкција на изгледот на Homo floresiensis, древни хуманоиди кои симболично се наречени Хобити, бидејќи по градбата потсетуваат на малите човечиња од книгите на Џ.Р. Толкин.

Одличната реконструкција на Dr. Hayes им овозможила на антрополозите за прв пат поблиску да се запознаат со Homo floresiensis и да се обидат да го откријат нивното место во дрвото на еволуција на човекот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2967 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

5 Мај

5 Мај
Во 1988 година, во Англија, во северниот дел на Лондон, е родена мега популарната пејачка Адел, која за многу кратко време стекна светска слава и се вивна помеѓу популарните музички ѕвезди. 
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус