Животен стил, Кујна, Рецепти

Поховани палачинки со шунка и свински врат

14 јули, 06:19

 

 

 

 

 

 

Состојки за палачинки:

  • 2 јајца
  • сол
  • 200 мл вода
  • 200 мл млеко
  • 500 гр брашно

Фил:

  • 300 гр шункарица
  • 300 гр свински врат
  • 300 гр павлака

За поховање:

  • 3 јајца
  • презла
  • масло

Подготовка:

Изматете ги заедно јацата, водата, млекото, брашното и солта. Од оваа смеса направете палачинки со средна големина.

Секоја палачинка премачкајте ја со павлака, потоа ставете парче шунка и парче свински врат. Откако ќе ја филувате палачинката прво се прави во форма на правоаголник, така што ќе ги повлечете краевите кон внатрешноста за да не излезе филот и се виткаат. Така подготвени полнетите палачинки се валкаат во изматени јајца, потоа во презла и на крај се пржат додека да добијат румена боја. 

За да го исцедите маслото од полнетите палачинки ставете ги на салвети после пржењето. 

Се служат топли.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 8688 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус