Прекрасно дизајнирани марами и шалови
Роза е името на дизајнерката и стилистката која е потпишана зад изработката на овие неверојатно убави и несекојдневни марами и шалови.
Инспирацијата оваа австралиска дизајнерка ја пронашла во животните, поточно во птиците.
Понесена од убавината и шареноликоста на пердувите, Роза дошла на идеја сета таа убавина да ја пренесе на материјал, на нешто што ќе може да се носи, нешто што ќе се гледа и што ќе разубавува, па така настанале овие прекрасни марами и шалови.
Колекцијата која неодамна е промовирана, наиде на огромно воодушевување кај публиката, особено кај женскиот дел, бидејќи токму и за него е наменета.
Прецизно и до совршенство насликаните птици со раширени крилја се рачна изработка, што е само уште еден доказ за непроценливата вредност на ексклузивните марами и шалови.
Кога ќе се стават на рамената овие марами и шалови ќе ве натераат да се почувствувате како некоја егзотична птица, која благодарение на отворените крилја ќе ви дадат сила со која би можеле да полетате - изјави моделот кој го огромна гордост и воодушевување ги презентираше новите ултра модерни шалови и марами.
Уште само да споменеме дека шаловите и марамите се изработени од природни материјали, во голем дел од памук, дека истите се не токсични и можат да се рециклираат, а боите кои Роза ги употребува за да ги претвори во врвни уметнички дела се акварелни бои.
Во продолжение погледнете ги преубавите шалови и марами и можеби и вие ќе бидете понесени од едноставноста и убавината на истите и можеби ќе пробате и вие да ја изразите вашата уметничка душа на ваков, или на некој друг сличен начин.
Додади коментар