Природата е чудо - изгледот на состојките покажува за кој орган се тие добри
Замислете, секоја состојка која ја внесуваме како храна или пијалак е добра за одреден орган од нашето тело. Но дали знаеме која за што е корисна?
Изгледот на состојките кои ги јадеме влијаат на подобрување на здравјето на органот на кој личат, па така доматот е добар за срцето бидејќи не само по изгледот туку и по бојата многу наликува на овој орган, авокадото на пример го намалува ризикот од појава на рак на матката, а потребни му се точно девет месеци за од цвет да се претвори во плод, чудесно, зарем не?
Природата е чудесна во секаква смисла на зборот бидејќи на наједноставен начин не учи како правилно и без многу размислување да се грижиме за нашето здравје. Ако до сега сте имале дилема што да консумирате за да ја подобрите функцијата на одреден орган од телото, сега е лесно, бидејќи листата со состојки која следува многу ќе ви помогне да бидете здрави.
Домат - срце
Доматот е поделен на комори исто како срцето, а и е со црвена боја. Истражувањата покажаа дека доматот кој спаѓа во групата на овошје, иако многумина сѐ уште мислат дека е зеленчук, е богат извор на калциум и железо, а токму овие состојки се неопходни за здраво срце.
Орев - мозок
Јатката од оревот но и неговата лушпа многу наликуваат на човековиот мозок и исто како и мозокот и оревот е поделен на два дела кои ги симболизираат левата и десната хемисфера. Веќе е докажано дека консумирањето ореви ги подобруваат мозочните функции, а сличноста да биде уште поголема тука се ореовите набори кои потсетуваат на мозочните виуги.
Целер - коски
Изгледот на целерот потсетува на изгледот на коските, па поради тоа влијае и на нивното здравје. Човечките коски содржат 23 проценти натриум - токму како и овој зеленчук. Сличноста во процентите воопшто не е случајна.
Ако во текот на животот преку храната не се внесува потребната количина натриум, телото истата ќе почне да ја црпи од коските, кои како последица на тоа ќе почнат да ослабуваат и да стануваат полесно кршливи.
Целерот е спас за коските.
Авокадо - матка
Авокадото, црниот патлиџан и крушата го подобруваат здравјето на матката а и по обликот многу наликуваат на овој орган. Консумирањето на само едно авокадо неделно помага во одржување на рамнотежа на хормоните, а редовното јадење го намалува ризикот од заболување од рак на матката и јајниците.
Сладок компир - панкреас
Компирот, особено слаткиот компир по својот изглед наликува на панкреасот и поради тоа и го подобрува неговото здравје. Компирот исто така го урамнотежува и шеќерот во крвта. Изобилството со бета каротин го прави овој зеленчук вистински антиоксиданс кој ги заштитува сите органи од заболување, а особено панкреасот.
Морков - очи
Кога ќе се пресече морков, пресекот многу наликува на изгледот на очите. Науката веќе одамна има потврдено дека морковите го подобруваат видот и го зголемуваат протокот на крв кон овие важни органи.
Грејпфрут - дојки
Портокалот, мандарината, грејпфрутот и сите останати агруми потсетуваат на изгледот на дојка. Токму овие состојки го подобруваат протокот на лимфа низ дојките со што го намалуваат ризикот од појава на рак.
Ѓумбир - желудник
Ѓумбирот личи на желудник, а веќе познато е дека ги ублажува симптомите на стомачни тегоби и надуеност. Ѓумбирот во својот состав содржи посебни ензими кои се одговорни за катализа на протеините во храната и на таков начин го подобрува варењето и спречува настанување на грчеви, чир и оштетување на слузокожата на желудникот.
Печурки - уши
Кога печурката ќе се пресече на половина наликува на човечка ушна школка. Печурките го подобруваат слухот, бидејќи се едни од ретките состојки кои содржат витамин Д. Овој витамин е важен за коските, дури и за оние мали и ситни коски во ушите кои се задолжени за пренос на звукот кон мозокот.
Смоква - сперматозоиди
Смоквите се полни со ситни семчиња и висат во парови. Со консумирањето на овој вид овошје се зголемува бројот и подвижноста на сперматозоидите со што се спречува појавата на стерилитет кај мажите.
Школки - тестиси
Школките кои многу наликуваат на тестиси се многу добри за подобрување на здравјето на овие полови органи, а и го подобруваат квалитетот на спермата, па затоа сите припадници на посилниот пол треба да ја дополнат исхраната со цинк и фолна киселина - состојки кои во голема количина ги има токму во школките.
Црвено вино - крв
Самата боја на црвеното вино асоцира на крв, па така овај пијалак е многу добар за подобрување на крвта, нормално доколку се пие во умерени и разумни количини.
Црвеното вино е моќен антиоксиданс, па со негово редовно консумирање се намалуваат шансите за заболување од некои деструктивни болести.
Пијте дневно по една чаша црвено вино со ручекот и бидете здрави и витални.
Додади коментар