Здравје, Природни лекови

Јадете праз за да имате подобар вид и поцврсти коски

26 март, 00:01

Во овој период од годината кога пролетта е на самиот праг, по тезгите на пазарите насекаде низ нашата земја може да се забележи празот. Карактеристичен е по неговиот изглед и мирис, спаѓа во истата група на кромидот и лукот и е препорачано да се консумира колку што е можно повеќе, затоа што придобивките се огромни.

Празот изобилува со хранливи лековити состојки, витамини и минерали благодарение на кои се подобрува видот и се зацврстува ткивото на коските, поради што во голема мера е намалена нивната кршливост. Ова особено е важно за постарите лица, токму тие треба почесто да јадат праз ако сакаат да бидат здрави, витални и да имаат добар вид, но секако не е исклучена ниту помладата генерација.

Поради големата количина на кемпферол  многу научни испитувања покажаа дека празот ги намалува шансите за заболување од хронични болести, особено од ракот.

Благодарение на изобилството со витаминот А празот помага во подобрување на видот и го зајакнува имуниот систем, витаминот К и манганот се важни за коските, витаминот Б6 го намалува нивото на холестерол во крвта со што се потпомага работата на целиот кардиоваскуларен систем при тоа штитејќи ги крвните садови и намалувајќи го шансите за добивање срцев удар.

Уште во минатото празот се одгледувал во речиси секој дом и бил главна прехранбена состојка во зимските и пролетните денови. 
Денес многу луѓе избегнуваат да го консумираат поради специфичниот мирис кој се испушта додека се готви. 
А вкусот - тој е специфично убав и единствен. Без разлика дали станува збор за пржен, печен, во манџа, во чорба или во зелник вкусот на празот едноставно е неодолив. 
Оној кој не пробал не може ни да претпостави за што станува збор, па затоа еве токму оваа статија нека биде поттик и еден вид предизвик за сите такви луѓе, притоа пред сѐ имајќи ги во предвид придобивките кои празот ги има по однос на здравјето на луѓето.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2629 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус