Разгледници
Македонски песни за душата
16 октомври, 05:54
Сигурно сите сте ја почувствувале моќта на македонскиот мелос кога на некоја свадба започнува бавно оро, се нижат тивките звуци на мелодијата, а потоа доаѓа рефренот и ве поткрева, ви ја полни душата, ве понесува, а вие пеете од срце и посакувате песната да нема крај.
Тоа е македонската песна за душата, музика која ви дава крилја, зборови кои ве исполнуваат...
Само за ваше задоволство издвоивме неколку песни кои ќе ви го разубават денот. Каде и да сте, што и да правите, слушнете ги, запејте ги од срце, па и заиграјте ако тоа ви причинува задоволство.
До следните разгледници од Македонија, имајте денови исполнети со радост и топлина.
извор: Мој Портал
автор: Stojanovska Elena
Оваа вест е прочитана 6758 пати.
Додади коментар