Сите љубови на Бред Пит

04 февруари, 00:02

Тој сè уште е синоним за убавина, човек по кој воздивнуваат илјадници жени ширум светот, еден од најпосакуваните мажи на планетата...

Долги години е во врска со исто толку посакуваната Џоли, што веќе заборавивме на неговите поранешни девојки.

Од сите оние кои биле дел од неговиот живот, издвоивме 5 дами кои можат да се пофалат дека некогаш одамна, па макар и на кратко, го освоиле срцето на овој убавец.

Робин Гивенс

Сите љубови на Бред Пит, Робин Гивенс, Мајк Тајсон, Џулиет Луис, Џина Дејвис, Телма и Луиз, Гвинет Полтроу , Џенифер Анистон, Bred pit, бред пит, бранџолина
Поранешната сопруга на Мајк Тајсон беше во врска со Бред додека привремено беа разделени со нејзиниот сопруг кој беше во затвор поради злоставување. Врската траеше само неколку месеци.


Џулиет Луис

Сите љубови на Бред Пит, Робин Гивенс, Мајк Тајсон, Џулиет Луис, Џина Дејвис, Телма и Луиз, Гвинет Полтроу , Џенифер Анистон, Bred pit, бред пит, бранџолина
Холивудската убавица имаше само 18 години кога ја започна врската со Пит. Заедно беа три години, а снимија и два филма (Kalifornia и Too young to die).


Џина Дејвис

Сите љубови на Бред Пит, Робин Гивенс, Мајк Тајсон, Џулиет Луис, Џина Дејвис, Телма и Луиз, Гвинет Полтроу , Џенифер Анистон, Bred pit, бред пит, бранџолина
Се запознаа на снимањето на Телма и Луиз (улога која на Пит му го донесе епитетот секс симбол) и беа во врска околу една година, иако за нивната врска само се шпекулираше и никогаш не се призна официјално.


Гвинет Полтроу

Сите љубови на Бред Пит, Робин Гивенс, Мајк Тајсон, Џулиет Луис, Џина Дејвис, Телма и Луиз, Гвинет Полтроу , Џенифер Анистон, Bred pit, бред пит, бранџолина
Двојката беше во сериозна врска уште од снимањето на трилерот Seven, но Бред се исплаши од преголемата желба на Гвинет за брак, па на двегодишната врска ѝ дојде крај.


Џенифер Анистон

Сите љубови на Бред Пит, Робин Гивенс, Мајк Тајсон, Џулиет Луис, Џина Дејвис, Телма и Луиз, Гвинет Полтроу , Џенифер Анистон, Bred pit, бред пит, бранџолина
Една од најголемите љубови на Пит секако беше прекрасната Анистон. Заедно беа долго време, стапија во брак, се сакаа, беа двојка од соништата...
Дали бракот ќе опстанеше ако судбината не го поврза Пит со Анџелина Џоли, или пак љубовта меѓу Бред и Анистон веќе беше избледнела кога Џоли влезе во животот на Бред? Само тие си знаат.

Од Анистон натаму сè е добро познато. На сцена стапува Анџелина Џоли, а нивната приказна сè уште трае.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3508 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус