Мој предлог, Филм

Skyfall

16 јануари, 17:06

Најновото филмско остварување на Сем Мендес, приказната за агентот Џејмс Бонд, ги руши сите рекорди на гледаност.

Шармот на агентот, неговите техники на заведување и способноста за извлекување од опасните ситуации во кои запаѓа при мисиите, обидувајќи се да го спаси светот, го прават филмот екстремно возбудлив.

Во најновото продолжение, на тест е ставена лојалноста на агентот кон неговата претпоставена М, кога таа е гонета од нејзиното минато и кога MI6 е под напад. Нападот е организиран од поранешниот агент Раул Силва и е наменет кон М, со крајна цел да биде убиена, како освета за предавството која таа го извршила во минатото ...  

Возбудливите сцени, современата технологија со која е направен филмот, одличната глума на агентот и на останатите од филмската екипа ќе ве остават без зборови.
Секако, и овој пат во главната улога се појавува харизматичниот и неповторлив Даниел Крег, играјќи го 23-от лик на Џејмс Бонд.
Во останатите улоги се појавуваат: Џуди Денч како М, Хавиер Бардем како Раул Силва – поранешниот агент и противник на Бонд, Наоми Харис како помошен агент во MI6.

За одличната изведба за главната музичка тема во филмот, Адел се закити со Златен Глобус.
Во продолжение слушнете ја наградената песна.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2047 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус