Здравје, Здрави навики

Сонцето лекува!

06 јули, 11:00

Древниот метод на лекување со помош на сончевата светлина е познат од многу одамна. Се среќава кај многу древни народи кои биле запознаени со лековитоста на Сонцето.

Методот опфаќа гледање во Сонцето (sungazing) и подготвување соларна вода која го штити организмот, доведува до здравје и виталност.

 

 

Како се подготвува соларна вода?

Многу едноставно. Во стаклен сад или шише (задолжително стаклено и безбојно) ставете вода. Садот покријте го со помал стаклен сад или стаклена чаша, за сончевите зраци непречено да влегуваат во водата.

Оставете ја водата надвор, на дневна светлина, од изгрејсонце до зајдисонце или минимум 5 часа, потоа може да ја испиете, но не ставајте ја да се излади во фрижидер.

Водата добиена на ваков начин е полна со енергија и е необично здрава и лековита. Не само што се користи за пиење, може да послужи и за миење на лицето (ја лекува кожата од акни и други недостатоци), но и како лек за делови од телото каде имате болка. Едноставно мачкајте ги болните места со соларната вода и правете нежна масажа.


Сонцето лекува! Искористете ги сончевите зраци и внесете голтка здравје преку соларната вода.

Дури и да не верувате дека оваа вода е лековита, ништо не може да загубите. И онака ќе се напиете вода, па зошто да не се обидете да подготвите соларна вода.

Најпосле, древните народи биле многу мудри и добро запознаени со природните начини на лекување, и не случајно овие корисни и лековити техники се задржале до денес.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3238 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус