Занимливост, Интересно

Шумското бањање – чувар на здравјето

23 август, 06:08

Дали прошетката во природа ве исполнува со енергија и необичен мир? Природата е огромен дар кој има моќ да ги разбуди нашите сетила и уште поважно, да лекува.

Она што на прв поглед изгледа како обична прошетка во шума, може значително да го подобри вашето здравје, бидејќи дрвата имаат необична моќ да лекуваат.

Можеби ќе ви звучи необично, дури и смешно, но дрвата навистина имаат моќ да влијаат на нашето здравје. Шумите се одлично место за т.н. шумско бањање, древен јапонски метод чија лековита моќ е потврдена и од науката.

Престојот на места каде има дрва го подобрува имунолошкиот систем, благодарение на фитонсидите – испарливи материи кои дрвата ги ослободуваат во воздухот. Овие соединенија го зголемуваат бројот на клетките убијци во организмот, што е од особено значење за здравјето, бидејќи токму овие клетки – убијци се задолжени за борба со инфекциите и ракот.

Шумското бањање подразбира прошетка во шума, длабоко дишење и уживање во сè што ве опкружува. Звуците на инсектите и птиците, шумолењето на лисјата, глетката, мирисот на шумата..., сето тоа доведува до смирување на умот и мозочната активност, со што се намалува крвниот притисок, стресот, нивото на шеќерот во крвта, анксиозноста и депресијата.

Покрај тоа, под крошната на било кое дрво ќе го дишете најчистиот воздух, што исто така е од особено значење за здравјето.

Прошетката во шума е еден вид ароматерапија, потполно бесплатна и безопасна, а толку многу корисна.
Покрај шумското бањање, не пропуштајте да прегрнете дрво и да ја размените вашата со енергијата на дрвото.

Дури и ако не верувате во необичната моќ на шумските дрва, направете шумско бањање и уверете се во енергијата и мирот кои ќе ве исполнат.
 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2065 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус