Животен стил, од мој агол

За што сонував, а што добив?

23 јули, 06:31

Како дете силно посакував да пораснам и да бидам успешна и среќна. Сонував како ќе бидам дел од најдобрите студенти на факултет, дел од најуспешните жени во светот, како само ќе успеам да ги спојам мајчинството и работата, сонував колку само пари ќе заработувам и ќе можам да си купам што ќе посакам. Сонував за живот од бајките, за тоа како едно дете ќе им донесе голема среќа на своите родители кои ќе се гордеат со него. Го посакував најдоброто за себе, но никогаш не знаев што точно сакам. Не знаев што сакам да работам од областа во која студирам, не знаев за која плата би сакала да работам, не знаев што сакам да правам како возрасна личност и не знаев дека нема да ги имам истите желби како кога бев мала. 

Што добив кога пораснав? Покрај многуте проблеми и стравови добив голема радост и моменти кои ме направија силна и храбра. Сонот да станам дел од најдобрите студенти го остварив, покрај тоа добив очила со диоптер поради оштетување на видот и искривување на грбот кое со неколку помагала одлично ќе се среди. Добив знаење кое ми помага да откријам дали и од што е нападнат мојот организам, па постојано имам немирен сон плашејќи се за себеси. Сонував да го работам она за што студирав, но всушност сфатив дека добро е да се знае литературата, а реалноста на работното место е многу поинаква. Со парите кои ги имам немам желба да си купам нова блуза и модерни панталони. Сега сакам само одмор некаде далеку од обврските и нешто за мојот дом. Сакав да создадам семејство и сега кога сум на прагот од оваа приказна сфатив дека семејството е најубавата желба која сум ја имала. Преку неа ми се остварија голем дел од желбите. Мојата работа е грижата за мојот дом и здравата храна, моја плата се насмевките од моето семејство, мое здравје е заедничкото здравје, гордост сум на моите родители бидејќи и јас целам кон тоа да формирам ново семејство и што е најважно јас сум среќна. Научив дека за сè има време, брзајќи да пораснам заборавив како е да си дете. 

Не целете кон високи цели, она што е во средината секогаш е посигурно и подостижно од она на врвот. Сте слушнале дека животот е тркало? Ако сте слушнале тогаш знаете дека оние на врвот ќе дојде ден да бидат на дното, а оние на дното ќе дојдат на врвот. Но, оние кои се во средината, засекогаш ќе останат таму. 

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1724 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус