Животен стил, Кујна, Рецепти

Супа со домашни кнедли

13 ноември, 00:01

За разлика од готовите супи кои изобилуваат со вештачки бои и ароми, домашната супа е здрава, сите состојки се природни и е неспоредливо подобра од купечките.

Ако сте љубител на кнедли, тогаш овој рецепт е одличен избор за вас.

Секогаш кога подготвувате јадење со мелено месо, оставете си малку месо за супа и подгответе супа со домашни кнедли.

 

Состојки:
малку мелено месо
морков
јајце
гриз
зачини
 

Подготовка:
Месото зачинете го со мешан сув зеленчук, сол и црн бибер, додадете и лебни трошки или малку леб за да биде меко. Убаво измесете го и направете мали ќофтенца, како оние во готовите супи.

Во тенџере со загреано масло ставете ги ќофтенцата и кратко запржете ги. Додадете и рендан морков, оставете и тој да се запржи и да пушти боја. Додадете вода, мешан сув зеленчук, црн бибер и сол и оставете да зоврие.

Додека течноста да зоврие, подгответе ја смесата за кнедли. Јајцето изматете го со виљушка, додадете малку масло и сол и постепено додавајте гриз со постојано мешање. Смесата не смее да биде премногу густа, но ни премногу течна.

Кога супата ќе зоврие, додавајте ги кнедлите со мало лажиче или со готварски шприц (ако ги правите со шприц, со нож отсекувајте од смесата за да се формираат кнедлите).

Оставете супата да се вари околу 15 минути, на крај додадете магдонос и послужете.

Совет: Може да се случи смесата за кнедли да е премногу густа, па кнедлите да бидат тврди или да е течна, па да се распаѓаат при варењето. Не се обесхрабрувајте, дури и оние кои честопати прават кнедли, понекогаш имаат проблеми со смесата. Ништо не смета ако кнедлите се потврди или ако се распаднат, супата во секој случај ќе биде вкусна, а кнедлите поубави наредниот пат.  

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 10110 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус