Техно Свет

Creative Cloud со претплата

08 мај, 12:00

Токму така, од идниот месец Adobe го лансира новиот Creative Cloud.

Но, она што е поважно е дека ќе се нуди по модел на претплата.

На конференцијата Max, портпаролот на Adobe, Скот Морис, објасни дека овој модел треба да ја ослободи компанијата од традиционалниот 18 до 24 месечен циклус на надградувања.

Овој систем на претплата нуди три пакети достапни за повеќето земји: за Индивидуалци, за Студенти и Професори; За Тимови - преку интернет страницата на Adobe и третата претплата за Тимови - преку препродавачи. 

За овие пакети можете да изберете годишна или месечна претплата. Во нашата земја ќе биде достапен само последниот вид претплата, а целата сума можете да ја исплатите и однапред за целата година, којашто е иста со цената за годишна претплата кога би се претплатите директно на интернет страницата на Adobe. Adobe исто така нуди попуст за сите оние што ќе се претплатат до 31 јуни.

Доколку се одлучите да станете претплатник на Creative Cloud, за видео и аудио програми ќе ви биде потребна  64 bit верзија, Windows 7 со Service Pack 1 или Windows 8, а за корисниците на Макинтош, Mac OS X v10.7 или v10.8.

Самостојните верзии на 16 програми како Photoshop, Illustrator, Dreamwaver и Premiere ќе бидат замрзнати на верзија 6, а опцијата за поправање на багови ќе биде достапна.

И ако сето ова ви изгледа малку нејасно, погледнете го видеото „Митовите на Adobe Creative Cloud”.

 


автор: Obednikovska Mirjana

Оваа вест е прочитана 2103 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 Мај

14 Мај

Во 1984 година во Њујорк е роден Марк Цукерберг, ко-основачот на социјалната светски позната и користена мрежа Facebook.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус