Животен стил, Убав дом

Весела работна соба

10 април, 07:50

Кога ви недостасува мотивација истата можете да ја најдете во вас, или уште подобро околу вас.

Можеби работните задачи нема да ве задржат за работното столче, но интересните предмети околу вас ќе го направат тоа.

Бројни истражувања укажуваат на фактот дека врз вработените влијаат предметите во нивното опкружување и работната атмосфера. Затоа, дел од финaнсиски помоќните фирми водат грижа за работните услови на нивните вработени.

Но, доколку работите од дома, тогаш сами потрудете се да наравите да ви биде поудобно.

Почнете од своето работно биро и столицата. Тие мора да бидат удобни, но и интересни, така што со домашните ќе си имате проблем кој да ги користи.

Кога не можете да ја решите задачата, наместо да ги чувате рацете под глава, земете си една ваква перница и насмевнете си се себеси.

За оние моменти кога ви е смачено да седите на столица, земете си половична фотеља, ставете ја на вашиот кревет и удобно извршувајте ги задачите.

И не заборавајте, чашата го отсликува вашиот карактер, затоа земете си „откачена“ шоља.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 8788 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус