Занимливост, Интересно

Во чест на Робин Вилијамс

21 август, 06:54

Топла насмевка која ви ја полни душата, очи полни со светлина и љубов и едно големо срце – тоа беше Робин Вилијамс, човекот кој цел живот ги забавуваше другите и несебично им помагаше на оние кои имаа помалку среќа од него.

За нас беше одличен актер, но Вилијамс беше и голем хуманист, собираше средства за бездомниците, се бореше за писменост и права на жените, патуваше на сите страни од светот за да ги израдува и насмее војниците, донираше средства за изградба на детски болници...

Човекот кој цел живот им даваше сила на другите, не успеа да ја најде за себе.

Во негова чест издвоивме дел од цитатите кои останаа зад него, како и неколку реплики од неговите филмови.
Почивај во мир добар човеку.

„Мојата битки со зависноста ме оформија како личност. Тие битки ме научија да го ценам човечкиот контакт и вредноста на пријателите и семејството, да разберам колку е сето тоа скапоцено”.

„Луѓето мислат дека те познаваат. Очекуваат да бидеш токму како на телевизија и на филмовите, да правиш лудории. Потребна е голема енергија за постојано да бидеш таков, а ако го правиш тоа цело време, еден ден ќе прегориш”.

„Ме прашуваат зошто снимам комедии за деца. Бидејќи сум среќен што во очите на децата ја имам истата вредност како Роберт Де Ниро во очите на возрасните! ” (со Де Ниро глумеа во Будење, прекрасна драма за посветениот доктор и неговиот ментално болен пациент)

За неговиот ментор Џонатан Винтерс: „Џонатан ме научи дека светот е отворен за игра, дека сè и секој е имитација, на еден прекрасен начин”.    

„Луѓето мислат дека сатирата е мртва. Жива е и престојува во Белата Куќа”.

„Без оглед што ви кажуваат другите, зборовите и идеите може да го променат светот”. (од филмот Друштво на мртвите поети)

„Само во нивните соништа луѓето може да бидат потполно слободни. Отсекогаш било така и секогаш ќе биде”. (од филмот Друштво на мртвите поети)

„Знаете ли што е музиката? Потсетување од Бог дека во универзумот има и нешто друго освен нас, хармонична врска меѓу сите живи суштества, насекаде, дури и меѓу ѕвездите”. (од филмот Август Раш)

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1956 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус