Живеј квалитетно
4 делови од светот во кои се живее најдолго
National Geographic неодамна спроведе интересно истражување за долговечноста и доброто здравје.
Според резултатите од истражувањето, 4 места се издвојуваат од остатокот од светот токму поради необично долгиот животен век на нивните жители.
Што е тоа што овие луѓе ги прави толку здрави и долговечни?
Она што можеби е најдобриот дел од истражувањето е податокот дека долговечноста на овие луѓе не се должи толку на нивните гени колку на нивниот начин на живот.
Окинава е мал остров во југоисточна Јапонија и место број еден во светот според долговечноста на населението. Жителите на Окинава се хранат со ниско калорична храна, најчесто со зеленчук, и конзумираат соја и тофу (сирење од соја) повеќе од било која друга популација во светот. Според научниците, токму сојата е заслужна за ниската стапка на ризик од рак и компликации во менопаузата. Овие витални луѓе имаат свое правило до кое секогаш се придржуваат – јадат сè додека не се речиси сити, што значи никогаш не се прејадуваат, ниту пак јадат до потполна ситост. Токму ваквиот пристап кон исхраната резултира со долговечност и намалена стапка на срцеви болести, рак и дијабетес.
Лома Линда е град во Калифорнија, навидум како и секој друг град во Америка, но жителите на Лома Линда живеат просечно десет години подолго од било кои други Американци. Не пушат, не пијат кафе и најголем дел од нив се хранат со зеленчук и ниско калорична храна, но според научниците нивната тајна е во нивната религија и силата на нивната верба. Редовно одат во црква, ја празнуваат секоја сабота и токму нивната силна религиска поврзаност придонесува за намален стрес и го зајакнува нивното ментално здравје.
Никоја, мал полуостров во Костарика, е дом на луѓе кои живеат необично подолго од останатите жители на Костарика. Овој пат нивната долговечност се должи на силните семејни врски и чувството дека имаат некаква цел во животот. Во Никоја сите семејства се повеќе генерациски, постои голема блискост во семејството, но и меѓу жителите на Никоја. Ваквите силни врски кај човекот развиваат чувство дека е некому потребен и дека е сакан, а сето тоа води до смирен и здрав живот без стрес.
Четвртото место во светот каде се живее најдолго е островот Икарија чии жители имаат необично интересен животен стил.
Додади коментар