Живеј квалитетно

Победете го стравот

28 јануари, 00:01

Стравот е нормална човечка емоција која се јавува кај секој од нас. Сепак, кај некои луѓе оваа емоција е поизразена и честопати им предизвикува проблеми во животот.

Страв од височини, страв од промени, од темнина, страв од лекарски прегледи, од неуспех...

Стравот има многу облици, но без разлика од што се плашите, најважното нешто за соочување со вашите стравови е да станете свесни за следното:

Стравот не е рационална реакција, тој е само емоција која доаѓа од нашиот ум, а не од нешто што е надвор од нас.

Како да се победи стравот

Постојат повеќе начини за надминување на стравот. За вас издвоивме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да ја надминете оваа негативна емоција.

Соочување со стравот

Најдобриот начин да се победи стравот е токму соочувањето со него. Ако се плашите од возење со лифт, спротивставете се на оваа емоција и влезете во лифт. Соочете се со стравот и веднаш ќе почувствувате како се намалува и бледнее. Колку повеќе ги правите нештата од кои се плашите, толку повеќе го победувате стравот, па секој нареден пат ќе се соочите со далеку помала емоција.

Разговарајте за вашите стравови

Разговорот многу помага во борбата со стравот. Без оглед на тоа кои се вашите стравови, разговарајте со најблиските, а доколку не можете да разговарате со нив, побарајте стручна помош. Споделените стравови стануваат помалку страшни, и со тек на време се надминуваат.

Бидете реални

Повеќето од нашите стравови се навистина нереални. Нема ништо страшно во темнината, во височините или во возењето со лифт. Убедете се себеси во тоа и кажете си дека не може ништо лошо да се случи. Реалноста е вистински борец против стравовите.

Што е најлошото што може да се случи?

Размислете за она што ве плаши и запрашајте се што е најлошото што може да ви се случи. Лифтот ќе се заглави (вам нема ништо да ви се случи, едноставно на кратко лифтот нема да работи), нешто се крие во темнината (сосема нереален страв, темнината е само темнина, ништо повеќе од тоа), ако одите на интервју за работа ќе се збуните, ќе се усрамите...(дури и тоа да се случи, и вие, а и светот ќе постоите и натаму, ништо страшно).
Кога ќе размислите на тој начин, ќе сфатите дека што и да се случи, вашата реакција е нереална и пресилна. Стравот е само емоција, не заборавајте го тоа.

Стравовите поставуваат граници во нашиот ум, нè спречуваат да се обидеме, да напредуваме, да успееме.
Тргнете во борба против стравот и не дозволувајте му да победи. Вие сте многу посилни од него!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6221 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

22 Мај

22 Мај

Во 1987 година во Белград во Србија, е роден познатиот светски тенисер број еден во Светот, Новак Ѓоковиќ.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус