Живеј квалитетно
Сакате да имате некој килограм помалку?
Слабеењето никогаш не било толку вкусно...
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија покажа дека луѓето кои пиеле свежо исцеден сок од зеленчук секој ден, изгубиле 4 пати повеќе тежина од оние кои воопшто не пиеле ваков сок.
Сакате да имате некој килограм помалку?
Внимавајте на исхраната и секој ден послужете се со 1 -2 чаши свеж сок. Направете комбинација од моркови, целер, спанаќ, краставица, може и јаболко, лимон..., сè што имате во фрижидерот, додадете коцка – две мраз и вашиот ловец на масти е подготвен.
Состојките кои ги содржи зеленчукот ги намалуваат масните наслаги и помагаат во намалување на телесната тежина.
Сепак, не очекувајте дека веднаш ќе ослабете. Ова е само еден чекор до помалку килограми. Кога на чашата свеж сок ќе додадете физичка активност, редовни помали оброци во текот на денот и помалку слатки и чоколадо, ќе добиете супер комбинација за намалување на телесната тежина.
Додади коментар