Колку ни штетат стандардите за убавина?
Дали убавината е мерило за вредноста на личноста?
Секако дека не, но во светот во кој живееме владее суровиот стандард за убавина, па честопати за другите судиме според нивниот надворешен изглед.
Милиони жени во светот се засегнати од сопствениот изглед и сметаат дека не се доволно вредни бидејќи се преслаби, или имаат отповеќе килограми, премногу се ниски или високи...
Надворешниот изглед нема никаква врска со квалитетите на една личност и токму тоа сака да го покаже кампањата наречена ˶Запрете го лудилото наречено убавина˝.
Преку серија фотографии на кои се прикажани секакви типови на жени и девојки (различна раса, телесна тежина, животен стил, возраст) кампањата има за цел да нè поттикне на размислување и да ни покаже дека е време да ги надминеме стандардите за убавина и да се насочиме кон она што навистина е важно – вредноста на внатрешната убавина на секоја личност.
Ако фотографиите на прекрасните девојки од списанијата ви создавале чувство на пониска вредност, можеби оваа кампања ќе ве поттикне поинаку да гледате на себе.
Убавината доаѓа одвнатре, а килограмите, бојата на кожата и возраста не влијаат на вашите квалитети како личност.
Секоја фотографија од кампањата ˶Запрете го лудилото на убавината˝ има кратка порака која покажува како гледаме на другите или на себе и колку сите се оптеретуваме со убавината. Запрете го лудилото наречено убавина, ценете се себеси и научете да ја гледате внатрешната убавина на другите.
Се разбира дека сум во врска. Со мојата вага!
Не сум анорексична и болна. Слаба сум!
Предметот на оваа фотографија може да биде помал отколку што изгледа.
Што сакам да бидам кога ќе пораснам? Убава.
Доволно паметна и талентирана. Недоволно бела.
Додади коментар