Бакрдан

17 јули, 07:00

 

 

 

 

 

 

Состојки

  • 700 гр пченкарно брашно
  • 1.5 л вода
  • ½ чаша масло
  • сол
  • свежа сланина

Подготовка:

Во подлабоко тенџере ставете ги водата и солта и оставете ги на тивок оган да зовријат. Потоа во тенџерето додадете го пченкарното брашно. Во средината со рачка од дрвена лажица направете мал круг и оставете да се вари на тивок оган околу еден ипол час. Тенџерето може да го покриете со капак. 

Потоа со рачка од дрвена лажица се меша, треба да добиете ситни топченца. Доколку сте го направле поводест или не можете да мешате користете ренде.

Маслото зовриете го и турете го врз бакрданот и повторно убаво промешајте.

Во посебна тава испржете ја сланината и ставете ја врз бакрданот.

Добар апетит!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 10529 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 Мај

14 Мај

Во 1984 година во Њујорк е роден Марк Цукерберг, ко-основачот на социјалната светски позната и користена мрежа Facebook.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус