Животен стил, Кујна, Моите рецепти - Здравје на мени

Брзи интегрални лепчиња со сушени билки, ленено семе и сирење

01 март, 04:19

Вообичаено кога зборуваме за месење се мисли на нешто што временски одзема многу време, па се меси, се премесува, втасува и уште што не.

Но не мора да биде така. Месењето може да биде забавно, брзо и слатко задоволство.

Овие интегрални лепчиња се доказ за тоа. Се подготвуваат многу едноставно и за многу кратко време, токму тогаш кога одеднаш ќе ви текне за појадок да си направите вистински здрави, топли, домашни лепчиња, без дополнителни вештачки адитиви и додатоци кои вообичаено ги има во пецивата кои ги купувате, а кои го оптеретуваат вашиот дигестивен систем. Од овие лепчиња нема надуеност, нема болки во желудникот, само убав почеток на денот. Но ако ви останат, слободно можете  да си ги ставите и во замрзнувачот па да ги јадете подоцна и исто ќе бидат убави како и утрината.

Што ви треба за нив:
- 300 гр. интегрално пченично брашно
- 300 гр. пченично брашно Т-850
- 1 кафена лажичка оригано
- 1 кафена лажичка сушен босилек
- 2 супени лажици интегрален сусам
- 2 супени лажици ленено семе
- 1/4 кафена лажичка ким
- 1 филџан маслиново масло
- 1/2 шолја јогурт со помала масленост
- 200 гр. дробено сирење
- 1 кафена лажичка сода бикарбона
- 1 кафена лажичка прашок за печење

Сите состојки се ставаат во подлабок сад и се замесува меко тесто кое не треба многу да се меси и треба да биде што помеко, а ако ви треба уште течност за замесување се додава јогурт, a ако ви е многу меко додадете од интегралното пченично брашно.

Вака приготвеното тесто се остава на топло околу 15 мин. потоа се зема плехот каде ќе се печат лепчињата и се поросува со брашно. Потоа се прават лепчиња во големина околу половина од вашата дланка, топчиња кои малку се сплескуваат, се боцнуваат на неколку места за да излегува влажноста при печењето и се ставаат на плехот.

Додека ги правите рерната ја вклучувате  да се загрее на 220°Ц  и откако ќе се загрее се ставаат да се печат околу 20-25 мин. сè додека не добијат убава кафеава печена боја.
Откако ќе се испечат само се вадат од рерна и се оставаат да се изладат.

Толку едноставно, а толку вкусно. Тие сами за себе претставуваат убав појадок, но можете да ги збогатите со шолја ниско маслен јогурт со биокултура.

ЕТЕ ТОЛКУ...ВРЕМЕНСКИ  КРАТКО И ЛЕСНО.. УБАВО УТРИНСКО ЗАДОВОЛСТВО И ПРЕД СÈ ЗДРАВО...КОГА ЖЕЛУДНИКОТ ВИ Е ЛЕСЕН И ДЕНОТ ЌЕ ВИ БИДЕ СРЕЌЕН...

интегрални лепчиња, сушени билки, ленено семе, сирење, recepti, integralen leb, origano, bosilek, zdrava hrana, рецепти, здрава храна, босилек, оригано

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 5756 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус