Црниот бибер е незаменлив лек

25 јуни, 01:58

 

 

 

 

 

 

Луѓето кои имаат проблеми со варењето на храната, оние кои имаат многу бавен метаболизам, како и оние кои имаат проблеми со нередовно одење во тоалет, треба да знаат дека во нивната секојдневна исхрана треба колку што е можно повеќе да го употребуваат црниот бибер.

Нашата традиционална кујна нè учи дека црниот бибер треба да го употребуваме само во чорби, супи и кога подготвуваме месо, но неговата примена е далеку поголема, особено сега кога веќе знаеме дека овој драгоцен зачин е лек кој помага при многу болести и заболувања.

Слободно проширете ја неговата примена и почнете да го употребувате и во сите видови на салати, предјадења, кога подготвувате зимница и со сите видови на зеленчук.

Но црниот бибер не помага само кај погоре наведените здравствени проблеми. Како многу добар и успешен лек се покажал и кај луѓе кои страдаат од дијареја, кила, проблеми со срцето и кардиоваскуларниот систем, несоница, болки во зглобовите, болки и проблеми со забите, проблеми со џигерот, болки во ушите како и проблеми со белите дробови и дишните патишта.

Единствено треба да се напомене дека не смеат да го употребуваат луѓе кои имаат чир, и луѓе кои имале операција на органите за варење, а сите останати можат слободно и колку што сакаат да го употребуваат.

Но зошто токму црниот бибер е толку здрав зачин?

Виновник е пиперинот кој е активна состојка на црниот бибер и благодарение на кој се зголемува нивото на апсорпција на селенот, витаминот Б, бета каротинот како и другите важни состојки од храната која се внесува, со што се забрзува енергетскиот метаболизам во телото.

Црниот бибер е лут благодарение повторно на пиперинот, а белиот несомелен бибер е полут за нијанса од црниот несомелен бибер.

Препорачливо е секогаш да се употребува несомелен бибер во зрно кој со помош на мелница наменета токму за бибер ќе се употребува при подготовката на храната и како свеж зачин ќе се внесува во организмот. 
Сомелениот бибер многу брзо го губи мирисот како и лековитите својства кои ги поседува и поради тоа треба да се избегнува колку што се можи.


Еден обичен зачин како што е црниот бибер може во многу голема мера да ви го подобри здравјето, па затоа почнете уште денес да го употребувате без никакви предрасуди.   


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 8799 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус