Филм

50 нијанси сиво – официјален трејлер за контроверзниот роман

31 јули, 07:23

Кога пред три години „50 нијанси сиво” излезе од печат, се чинеше дека еротскиот роман нема да доживее успех, но читателската публика го покажа токму спротивното.
За само 4 месеци романот се искачи на топ листите на најпродавани, а со продажбата на Амазон ги засени сите седум мега популарни романи за Хари Потер.

„50 нијанси сиво” наскоро ќе се појави и на филмското платно.

Долго се шпекулираше кој ќе ги толкува улогите на милионерот Кристијан Греј и наивната и нежна студентка Анастасија Стил. Нивната контроверзна љубовна приказна ќе се обидат да ја доловат Џејми Дорнан и Дакота Џонсон.
Дакота е ќерка на добро познатите Дон Џонсон и Мелани Грифит, а нејзината мила и невина појава одлично одговара за улогата на Анастасија.

Неодамна излезе и првиот официјален трејлер кој навестува што можеме да очекуваме од филмот.

Филмската адаптација на „50 нијанси сиво” несомнено ќе доживее успех, иако нема да бидат доловени сите сцени од романот, токму поради неговата контроверзност.

Премиерата на „50 нијанси сиво”  е најавена за наредната година, на Денот на вљубените. Во очекување на филмската адаптација, погледнете го трејлерот, а за оние нестрпливите тука секогаш е книгата која ќе ви покаже едно поинакво лице на љубовта.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2310 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус