Филм

Dear John

29 јануари, 07:06

Што би направиле кога едно писмо ќе ви го промени животот и ќе ви го сврти светот наопаку?

Дали љубовта навистина може да нè претвори во луѓе какви што не сме помислиле дека може да бидеме?

Dear John е драма за моќта на љубовта, за жртвувањето на сопствената среќа во замена за среќата на другите.

 

Љубовта меѓу Џон (Ченинг Татум) и Савана (Аманда Сејфрид) ќе биде ставена на тест кога нејзините писма ќе престанат да доаѓаат, а таа ќе се откаже од нивната љубов за да му помогне на болниот пријател.

Дали љубовта ќе најде начин да опстане? Што сè би жртвувале за да помогнете некому?

Приказна која нема да ве остави рамнодушни и ќе ве научи на многу нешта за силата на човекот, неговата пожртвуваност и човечност.

Dear John е приказна која останува во сеќавање, приказна која ќе ве трогне и ќе ви покаже како да сакате, како да бидете подобри луѓе.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2356 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус