Занимливост, Убави нешта
Фотографии кои не смеете да ги пропуштите
Дали сте подготвени за прошетка која ќе ви ги разбуди сетилата и ќе ви го разубави денот?
Каде и да сте, што и да правите, застанете за миг и придружете ни се. Ве водиме далеку, на познати и непознати места, во различни делови од светот. Ве водиме на места кои можеби никогаш нема да ги посетите, места толку величествени што пленат на прв поглед, го одземаат здивот, ве повикуваат...
Фотографиите кои следат се дел од неверојатната книга „Осамената планета е прекрасно место”, книга во која се собрани фотографиите од најубавите предели на планетата Земја, места кои заслужуваат внимание, пејсажи кои оставаат без зборови, толку убави и живописни што ќе посакате долго да ги гледате.
Планетата Земја, навистина прекрасно место...
Кањонот во Националниот парк Брајс , Јута
Долината Лит во Лејк Дистрикт, Англија
Лозовите насади во Порто, во долината Дуоро, Португалија од кои се произведува ексклузивното вино Порто.
Доломитите, Италија, едни од највеличенствените планини на планетата, познати и како Доломитни Алпи.
Водопадите на Плитвичките Езера, Хрватска
Дел од плажата Хантингтон, Калифорнија, дом на колибрито. Дивите цветови на плажата ги привлекуваат малите птици кои овде наоѓаат вистински рај.
Оризови тераси, Кина
Додади коментар