Занимливост, Убави нешта

Најубавите древни храмови

05 август, 10:07

Некои градби едноставно се безвременски. Кријат многу тајни, сведочат за минатото и предизвикуваат восхит.

Древните храмови и светилишта опстанале низ вековите за да раскажуваат за културата и религијата на своите градители.

Без оглед на верата и националноста, илјадници туристи ги посетуваат овие восхитувачки споменици на минатото.

За вас издвоивме само неколку од нив.

 

 

 

Праманбанан

Овој прекрасен древен храм е изграден во 850 година од нашата ера.

Праманбанан се состои од 8 главни и 250 помали светилишта. Ѕидовите на светилиштата се изрезбани, а резбите раскажуваат легенди за тамошните божества.

 

Ком Омбо

Египетскиот храм Ком Омбо е изграден во раниот втор век пред нашата ера.

Градбата се состои од два идентични храмови. Секој храм има свој влез и свое светилиште.

Ком Омбо се наоѓа на висока песочна дина, со прекрасен поглед на Нил.

 

Кофукуџи

Храмот Кофукуџи се наоѓа во Нара, Јапонија. Тој е еден од седумте големи храмови во Нара, сместен покрај езерото Сарусава.

Покрај убавината на градбата, воодушевува и природата која несебично го обвиткала ова светилиште.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2140 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус