Здравје, Природни лекови

Храна која ја гаси жедта

17 јули, 08:08

Водата е незаменлива и неопходна драгоцена течност, која сите треба да ја консумираме колку што можеме повеќе, особено во овие летни, жешки денови.

Водата има благопријатно влијание по однос на здравјето на човекот бидејќи таа може да лекува.

Недостатокот на вода во организмот резултира со чести главоболки, несоница, нервоза и депресија. 
За да ги избегнете сите овие непосакувани состојби, пијте вода.

Доколку не можете во текот на денот да испиете онолку вода колку што препорачуваат стручњаците и медицинските лица (околу осум чаши дневно), преку одреден вид на храна, во голема мера можете да внесете вода во организмот. 
Секако се мисли на зеленчукот и овошјето кои изобилуваат со голем процент на вода.

Во зависност од процентот, во продолжение на статијава информирајте се која храна во нејзиниот состав содржи најмногу вода и почнете почесто да ја консумирате, за на некој начин да го внесете потребното количество вода во организмот.

Оваа храна не може во никој случај да ја замени водата и затоа не треба да се внесува само таа без да се пие вода.
​Комбинацијата на вода и препорачаната храна е најдобро решение, бидејќи преку храната се внесуваат отприлика 20% вода во организмот.


1. Краставицата содржи 96,7% вода, па поради тоа овој вид на зеленчук препорачливо е да се консумира секојдневно. Краставицата можете да ја јадете во салати, да ја комбинирате со ниско калоричен јогурт, или да ја измиксирате во блендер заедно со неколку коцки мраз и неколку листови нане. Добиениот пијалак чувајте го во фрижидер и пијте го секогаш кога ќе бидете жедни.


2. Доматот содржи 94,5% вода. Може да се консумира свеж во салати, или може да се приготви во блендер. Сокот од домати особено се препорачува да се пие пред телото да се изложи на сончевите зраци, бидејќи на овој начин го штити од штетните UV зраци на сонцето и не дозволува прекумерно сончање.


3. Црвените и жолтите пиперки содржат 92% вода, а зелената пиперка содржи 93,9% вода, па затоа во иднина на вашето мени и во вашите салати повеќе нека биде застапена зелената пиперка. Покрај високиот процент вода, пиперките исто така се и одлични антиоксиданси.


4. Лубеницата содржи 91,5% вода, па поради тоа се смета дека е едно од овошјата кои треба да се консумираат доколку се сака да се внимава на линијата на телото и да се исфрлат сите насобраните отрови. 
Лубеницата е одлична за подобрување на работата на бубрезите. Предизвикува често мокрење, но тоа е она што ја издвојува од другите овошја. Исто така содржи и ликопен кој е моќен антиоксиданс и помага во заштитата од рак.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2209 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус