Убава наша, Репортажи

Калин Камен - вистинска туристичка атракција

01 јуни, 07:01

Се сеќавате ли на Калин Камен кој во деветнаесеттиот век беше дом на голем број влашки семејства?

На четири часа пешачење од Крива Паланка кон манастирот Свети Јоаким Осоговски ќе стигнете до месноста наречена Калин Камен. Пред вас ќе здогледате детски парк, спортски игралишта, мало вештачко езерце, ловечка куќичка, букова шума, прекрасни ливади и една голема карпа која месното население ја нарекува Калин Камен. Токму таа карпа е причината заради која илјадници туристи пешачат цели 4 часа.

Според легендата стара неколку векови се верува дека во кривопаланечкиот регион, во времето на Отоманската империја живеела млада мома која била најубава од сите девојки. За жал, од нејзината убавина бил воодушевен и турскиот ага кој ја грабнал и ја затворил во неговиот сарај. Калина, не сакајќи да се потурчи и да биде жена на агата, една ноќ избегала од сарајот и се упатила кон каменот под Царев Врв. Патот пешаќејчи го поминала за 4 часа. Таа ноќ Калина се фрлила од карпата. Во чест на чесната христијанка Калина, народот ја нарекува карпата Калин Камен. 

Подоцна, оваа месност била населена од влашки семејства. Се занимавале со сточарство, одгледувале илјадници грла овци, кози, говеда и коњи. Власите кои живееле на Калин Камен се познати по квалитетот на овците, волната и пастрмата. Секоја година на 28 август, на празникот на манастирот Свети Јоаким Осоговски, власите дарувале по 200 овци и јагниња на манастирот. Но, по нивното иселување пред 65 години, кај месноста Калин Камен може да се забележат само грнци, стомни и предмети, а на поранешните населби денес се изградени капацитети за стадата овци кои се одгледуваат на Осоговските Планини. 

Според некои тврдења, под влашката населба се наоѓа злато закопано од времето на Отоманската империја. Тоа е причината заради која многумина нелегално вршеа ископувања на овој регион. 

Но, по 2000 година Калин Камен е под заштита на општина Крива Паланка. Нелегалните ископувања се запрени, а месноста прераснува во вистинска туристичка атракција. 

Во организација на општина Крива Паланка и Здружението на граѓани Авто мото клуб „Off Road Osogovo“ на 24 мај 2009 година за прв пат беше одржано Туристичкото рели „Калин Камен“. Манифестацијата традиционално се одржува во чест на сесловенските просветители Свети Кирил и Свети Методиј и е од ревијален карактер. 

Кога патот ве води кон манастирот Свети Јоаким Осоговски, не заборавајте да продолжите по патот кон Калин Камен.

Manastir Sveti Joakim Osogovski

Kalin kamen

Vestacko ezero na Osogovskite planini

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 13917 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус